ЦУК: 2.147 повици на 112, во последното деноноќие, најмалку 45 пожари на отворено, од коишто три се уште се водат активни

Објавено на 9 февруари, 2024 во 08:58

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 2.147 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 44,76%, а 55,24% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 54,65%, кон Итната медицинска помош 28,73%, а кон пожарникарите 15,77% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Збирот повици што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици во ЦУК, 0,85% со другите 53,02% што се именувани како „неитни повици“, биле вкупно 1.189 на број и биле предмет на примање, селективна обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со други институции од Системот за управување со кризи, согласно природата на пријавените итни случаи.

ЦУК информира дека пожари на шуми и на вегетација на отворено, во последното деноноќие имало над 40 (а 36 вчера)  регистрирани по пријава. Пожарникарите гаснеле и отпадоци, ѓубришта и запалени контејнери на отворено на територијата на државата.

ЦУК информира дека од евидентираните 45 пожари на отворено во последното деноноќие, три (3) се уште се водат како активни утрово.

Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека пожарот кај с. Виниче Општина Гази Баба, што започна на ден 07.02.2024 година се уште е активен, Од Скопје сношти и се гледаше, колегите од медиумите направија и снимки од истиот. Утрово нема информација за тоа дали некој интервенира на истиот. Конкретно, од ЦУК за овој пожар известени се соодветните субјекти: пожарникарите од БППЗ на Град Скопје, (коишто поради непристапност на теренот не можеле да интервенираат)во Општина Гази Баба, како и ДЗС и ЈП „Национални шуми“ – подружница „Караџица“. После уринското извидување, ако контактираните служби и институции проценат дека има потреба од воздухоплов за гаснење, (авион „ер трактор“ на ДЗС  или „бел“ хеликоптер на МВР), тоа од ЦУК веднаш ке биде процесуирано за реализација.

Регионалниот ЦУК Штип, информира дека пожарникарите од ТППЕ Пробиштип во во атарот на с. Јамиште (што започна на ден 06.02.2024 година, (кој беше локализиран околу 18:00 часот на ден 07.02.2024 година) вчера околу 13:30 часот (08.02.2023 година), повторно бил активиран и истиот се ширел кон територијата на Општина Кратово. Ситуацијата со пожарот се следела од страна на ТППЕ Пробиштип и ЈП „Национални шуми“ – подружница „Пробиштип“, како и од страна на ТППЕ Кратово, а се контактирало и со локалното население за евентуална потреба од интервенција. Во утринските часови на терен заминале по една екипа од ТППЕ Пробиштип, од Кратово и од Кочани.

Регионалниот Тетово, известува дека од Единствениот број за итни повици Е-112 во 16:07 часот е добиена информација за пожар над с.Беловиште (Општина Јегуновце), поточно над ресторан „Бела Виста“ при што горела дабова и букова шума, Веднаш биле известени се Националниот парк „Шар Планина“ коишто вчера од 16:15 до 17:25 часот интервенирале со 2 вработени, како и 1 лице од РЦУК Тетово. Во 20:30 часот, добиена е информација дека пожарот повторно е активиран, за што се известени НП „Шар Планина“, но поради тешко пристапното место истите не интервенираа во текот на ноќта. Во утринските часови мал тим ренџери од националниот парк дејствувал и го локализирал пожарот, по што ќе се внимава пак да не се активира. За оваа состојба запознаени се и ТППЕ Тетово, но поради непристапен терен тие не се во можност да интервенираат.

Инаку, паралелно гасејќи пожари во населените места, најмалку 42 изгаснаа пожарникарите од вкупно 45-те евидентирани пожари на отворено, на места и со помош на локално население, од: Скопје (3), Битола (9), Прилеп (2), Крушево, Демир Хисар, Струмица, Гевгелија, Валандово, Радовиш, Македонски Брод, Свети Николе (3), Кочани (3), Виница (2), Делчево, Берово, Куманово (6), Крива Паланка, Ранковце, Тетово и пожарникарите од Гостивар (2). 

Центарот за управување со кризи апелира да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, како и другите итни случаи особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, потребно и корисно е да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.