Најстудено на Попова Шапка, измерени минус шест степени
На Попова Шапка утрово се измерени минус шест степени, минус пет во Маврови Анови, минус четири во Битола, Крива Паланка, Крушево и Берово, минус три во Претор и Тетово, минус два во Прилеп и Охрид, минус еден во Струмица и Виница, а нула степени во Штип. Еден степен е измерен во Скопје-Петровец, два во Скопје-Зајчев Рид, три во Кавадарци и Демир Капија, четири во Дојран, пет во Велес, а шест степени во Гевгелија.
Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека на Попова Шапка има девет сантиметри снег.
На Попова Шапка наврна најмногу дожд во изминатото деноноќие, еден литар на метар квадратен.
УХМР информира дека во текот на ноќта времето беше ведро, а изутринава е сончево со слаб до умерен северен ветер.
Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16 степени.
Дума.мк