(фото) Во Велес се одржа Модна ревија со Тивка аукција, креации и манекени на ученици како завршен настан на проектот „Клуч за сопствен бизнис“
Учениците Стефани Стојчева, Викторија Дојчинова, Христијан Анастасов, Марија Нацева, Виолета Влахчева, Сашка Манаскова, Ива Петковска, Елена Петрова, Елена Хаџиева и Гордан Ќимов се модните дизајнери на десетте модни креации коишто се резултат на едукацијата за моден дизајн на проектот „Клуч за сопствен бизнис“ на Фондација „Фокус“. Дел од нив беа и манекени на модната ревија што како завршен настан на проектот се одржа во петокот, на 1 март, во фоајето на велешки Театар „Ј.Х.К Џинот“.
Настанот предизвика внимание на над 100 возрасни граѓани, родители на учениците, директори и професори на четирите средни училишта во градот кои беа логистичка поддршка на проектот „Клуч за сопствен бизнис“ како и пријатели и пријателки на вкупно 64 ученици вклучени во овој проект на Фондација „Фокус“.
Настанот го отвори Убавка Јаневска извршна директорка на Фондација „Фокус“ којашто помеѓу другото рече дека е презадоволна од постигнатите резултати на двете развиени програми за моден и за декоративен дизајн. Од вклученоста на вкупно 64 средношколци од Гимназија „Кочо Рацин“, ССОУ „Димитрија Чуповски“ , ССОУ „Коле Неделковски“ и СОУ „Јовче Тесличков“ кои девет месеци посветено работеа и посетија вкупно 32 обуки, поточно по 16 за теоретски знаења и усовршувања на вештини од моден и декоративен дизјан, преку изработка на скици и цртежи, кај модниот дизајн финализирани во модни креации, од сертифицираните две програми за моден и декоративен дизајн, од 78-те прирачници за теоретска обука подготвени од М-р Соња Пљакова и дипл. Инг. Архитект Цветанка Саздова, од осумите менторски и две консултативни средби итн.
-Од самиот почеток до вечерва кога сите ние присуствуваме на модната ревија со тивка аукција наша цел беше да им дадеме шанса на младите луѓе од Велес, Чашка и Градско, да се стекнат со Сертификати за модни и декоративни дизејнери. Да го завршиме овој проект со Сертификати кои на оваа прва генерација на ученици ќе им овозможи отварање на сопствени бизниси преку кои услуги ќе нудат на сопствените сограѓани и да ги задржиме во нашиот роден град и во нашата држава, додаде Јаневска.
Ревијата предизвика овации и аплаузи на над 160 присутни во фоајето на велешки Театар. Моделите и модните дизејнери го предизвикаа очекуваното внимание како и поддршката на Катерина Чукниева моден дизајнер која исто така беше вклучена во финализирањето на модните креации. Публиката не го криеше воодушевувањето и преку лични честитки на манекените и модните дизејнери им се заблагодари што за прв пат во изминатите три децении имаше можност да присуствува на модна ревија организирана во Велес.
Проектот „Клуч за сопствен бизнис“ на Фондација „Фокус“ се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2-ReLOaD 2, финансирана од ЕУ и имплементирана преку Програмата за развој на Обидентите нации UNDP. Проектот е кофинансиран и од Општина Велес.
Стефани Манева
фото: