МТСП: Понеделник, втор ден на Велигден, неработен за граѓаните од католичка вероисповед
Објавено на 29 март, 2024 во 17:28
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно Законот за празниците, 1 април 2024 година (понеделник) вториот ден на Велигден, според Грегоријанскиот календар, е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Северна Македонија.
Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од католичка вероисповед им го честита празникот.
Дума.мк