СВР Велес: Физички напад во Велес, Чашка, село Марена, кавадаречко и село Криволак, неготинско
Во Сектор за внатрешни работи Велес, во текот на вчерашниот ден, 24 април, биле пријавени четири физички напади во различни населени места.
Првиот случај бил пријавен утрото во 08:30 часот, од четириесет и девет годишна жена од село во Општина Чашка дека во семејниот дом физички ја нападнал нејзиниот поранешен сопруг со кого живеела И.С.
Потоа, во 16:00 часот полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Неготино го лишиле од слобода шеесет и две годишниот И.С од село Криволак оти спречувал полициски службеници кои преземале службени дејствија.
-Односно при приведување на И.З.(56) од истото село, по претходна пријава од С.Т.(20) од Неготино дека во селото бил физички нападнат од И.З., кој и агресивно се однесувал кон полициските службеници. И.С. и И.З. биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, додаваат од СВР Велес.
Три и пол часа подоцна, дваесет и шест годишната велешанка М.С пријавила дека на улица „Сараевска“ во градот била физички нападната од четириесет и две годишниот П.Н.
Од СВР Велес додаваат дека еден час подоцна бил пријавен и четвртиот физички напад во Одделение за внатрешни работи Кавадарци.
– Полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода А.А.(25) од село Марена, кавадаречко, по претходна пријава од Р.С.(22) од село Марена дека пред неговиот дом му упатувал закани и физички ги нападнал Ш.А. и Г.А.(20) од истото село. При преземање на службени дејствија од полициски службеници, А.А. и Г.А. агресивно се однесувале и двајцата биле приведени во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави, додаваат од СВР Велес.
Дума.мк