(фото и видео) Велешани се информираа за значајноста на имунизацијата кај деца од пред школска и училишна возраст
По повод неделата на имунизацијата, пред платото на велешкиот театар, денеска раководителката на училишна превентива, др Лидија Проданова, заедно со д-р Марина Тодоровска од службата за превентивна здравствена заштита на предучилишни деца при ЈЗУ Здравствен дом Велес, делеа промотивни материјали и споделуваа значајни информации и совети до велешани за имунизацијата кај децата.
Д-р Марина Тодоровска вели дека имунизацијата во училишна возраст е на високо ниво, односно 95% и очекува наскоро да се зголеми и имунизацијата кај децата во пред школска возраст.
Според д-р Лидија Проданова кампањата насловена „Заштитуваме генерации“ го носи правилното име и ја опишува нивната работа и додава дека имунизацијата ја класифицира како најбитна бидејќи тоа е најголемата инвестиција за да се има здраво поколение и здрави дечиња.
Информативните флаери коишто беа деление меѓу велешани го содржеа календарот за имунизација за 2024 година како и календарот за надополнување на пропуштената имунизација за истата година. Исто така, доделуваа и и водич со знајачјни информации за болести кои може да се превенираат и вакцинација.
Стефани Манева
фото: