Вархеји: За да го зачува својот кредибилитет, ЕУ да започне преговори со Северна Македонија

Објавено на 13 февруари, 2020 во 09:52

varhej fin

За да го зачува својот кредибилитет Европската унија мора да ја забрза евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан и тој процес да биде многу подинамичен, истакна еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на пленарното заседание на Европскиот парламент во Стразбур.

Вархеји нагласи ЕУ мора да ги отвори пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија бидејќи двете земји ги исполнија условите што им беа поставени.

Проширувањето на Западен Балкан, според него, може да биде успешно само ако ЕУ ги исполни ветувањата што ги дала, а за тоа е неопходен побрз и подинамичен процес.

– За време на долгите подготовки и преговарачкиот процес ќе ни биде неопходна многу посилна политичка контрола со максимално учество на земјите членки. Во спротивно ризикуваме јакнење на силите кои би можеле да нанесат штета на преговарачкиот процес, предупреди Вархеји.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.