Рекордни 351 автори, од сите континенти, се пријавија на 21 Меѓународен салон за стрип „Велес 2024“
Сите пристигнати дела ќе бидат прегледа од жири комисија составена од стрип и ликовни дејци од Велес, а дел од нив ќе бидат изложени на свеченото отварање на Меѓународниот стрип салон во Велес, најзначајна стрип манифестација во Македонија, на 20 август, годинава.
Според Томе Трајков , програмски координатор на Стрип центарот на Македонија, големата бројка се должи пред се на засилената работа и контакти со млади таленти од Македонија.
-Многу радува податокот за откривање на нови стрип имиња од македонската стрип сцена коишто заслужуваат поголема афирмација и внимание.Тоа е секако одраз и на реализацијата на соработка со училиштата ширум државата, како и со ликовните педагози.Исто така , медиумска промоција на стрип настани во странство на коишто учествува македонската Стрип сцена секако дека има позитивно влијание, додаде Трајков.
Според Трајков ваквата заинтересираност се должи и на остварени мегународни контакти како и на постојаната соработка со Стрип сцената од поранешните Ју републики , но сакако и комуникацијата со автори од сите континенти, вклучено и од Тајван и од САД.
-За зголемување на нивниот број секако треба и зголемена поддршка од страна на донаторите како на пример зголемен фонд на награди, присуство на наградените автори на свеченото отварање , составување на жири од мегународни стрип автори и слично, потенцира Трајков.
Мегународниот стрип салон во Велес ,како и другите пропратни активности е финансиран од Министерството за култура на Македонија како и од општина Велес.
Убавка Јаневска