Концерт на рок музичари во Кавадарци

Објавено: 11 септември, 2024, во 16:05 часот

Во летната бавча на Вински музеј, во Градски парк, во Кавадарци, вечерва, ќе се оддржи концерт насловен како “60 години рок музика во Кавадарци“.

На концертот ќе настапат повеќе рок групи и рок музичари кои низ изминатите 60 години го музицирале овој жанр.  Некои од нив се и денес активни и испишуваат нови рок страници. Ќе настапат групи и музичари од повеќе генерации со нивниот оригинален репертоар.

Организатор на настанот е Дом на култура “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци.

Концертот ќе започне во 20:00 часот и влезот е слободен.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.