Фатени тројца дрвокрадци од Мелница во атарот на селото
Крадците завршиле во полициска станица а дрвата, тракторот и моторна пила кај Шумска полиција. Кражбата на огревно дрво се случила вчера, напладне, во атар на село Мелница, во општина Чашка.
Таму полициските службеници од Одделението за криминалистички работи при СВР Велес ги лишиле од слобода Е.М.(50), Е.М.(57) и Е.Ф.(55), сите од село Мелница. На лице место била и екипа на Шумска полиција Велес. Тоа се случило откако бил запрен трактор марка „ИМТ“ со приколка, управуван од Е.М.(50), а другите две лица биле со него. По извршена контрола било констатирано дека превезуваат огревни дрва без документација.
-Известен бил Јавен обвинител и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.
Дума.мк