Млади од Источна Македонија и гости од граѓански организации, меѓу кои и велешки, учествуваа на настан „Младите и волонтерството“ во Штип (фото и видео)
Волонтери на Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ од Велес, на ЗГ „Велешки акцијаши“ и ЗГ на акцијаши ветерани „Пат на младоста“, на повеќе граѓански организации од Источна Македонија заедно со над 100 средношколци и ученици од завршните години на основните училишта во Штип го одбележаа Светскиот ден на волонтерството на настан да разговараме за „МЛАДИТЕ И ВОЛОНТИРАЊЕТО“.
Настанот се одржа во конференциската сала на ЗГ „Медиа плус“ од Штип, организаторот на настанот, поточно граѓанско здружение кое што е Граѓански ресурсен Центар во Штип за граѓанските организации од Источна Македонија.
Целта беше да се промовира волонтерството, примарно меѓу младите и тие да се поттикнат да волонтираат за подобрување во своите заедници. Тренер на настанот беше Драгана Дина Митровиќ од Граѓански ресурсен центар Штип.
На настанот беше присутна и директорката на македонскиот Ресурсен Граѓански центар, Валентина Величковска која за Дума.мк одговори на прашањето до каде е процесот на донесување на Стратегијата за граѓанскиот сектор.
Покрај претставници на граѓанските организации, на настанот активно учество земаа и искусни граѓански активисти како и професори, кои споделија дел од долгогодишното и позитивни примери од волонтерски акции, како што беа Фондација „Фокус“, Акцијаши ветерани, Црвен Крст и други.
Сите имаа можност да се престават низ документирани материјали, фотографии и видеа, издадени Прирачници, Анализи и други промотивни материјали.
Убавка Јаневска