Подобрување на вештините за управување со дијабетес Т1 за млади на камп во Михајлово (видео и фото)
Објавено: 26 август, 2026, во 13:20 часот
Кампот за дијабетес им користи на младите преку создавање и одржување на врснички групи со други млади кои живеат со дијабетес, воспоставување систем за поддршка меѓу младите и семејствата кој ќе ја поддржи редовната едукацијата што се спроведува во текот на целата година во локалните Здруженија кои се членки на Сојуз на Здруженија на дијабетичари на Македонија, подобрување на вештините за управување со дијабетес и зголемување на самодовербата како и обука на волонтери за едукација за дијабетес како и помагање волонтерите да го разберат опсегот и влијанието на дијабетесот врз младите и нивните семејства.

Вклучувањето на децата од различни региони на Македонија е нов предизвик за стручниот тим да ја разгледа различноста на потребите и едукацијата во однос на Т1 кај нашата млада популација, констатираше претседателот Димче Велев.

Настанот, беше спроведен викендов, во кавадаречко Михајлово, со поддршка и во соработка со Универзитетската Клиника за ендокринологија, дијабетологија и метаболни состојби Скопје, Одделот за ендокринологија и дијабетес на Детска клиника, Скопје и Научното здружение на ендокринолози, дијабетолози на Македонија.
Убавка Јаневска



