Од гостилница „Боем“ денеска бесплатна рибна чорба и лебче за велешани (фото и видео)
Објавено на 18 декември, 2024 во 14:12
Хуманитарниот оброк, кој се состои од рибна чорба и лепче, гостилница „Боем“ годинава го организира освен за сограѓаните од ранливите категории и за сите велешани. Половина од првиот лонец со 80 литри рибна чорба веќе беше полупразен во 13 часот. Голем број сограѓани денеска, ден пред православниот празник Свети Никола, и во пресрет на вечерта кога се слави светителот веќе појадоа или си земаа за ручек пакување со чорба и домашно печено лебче.
Гостилница „Боем“ ја продолжува традицијата на одбележување на христијанскиот празник со хумана цел, вели сопственикот Трајче Мешков.
На штандот пред гостилницата, во центарот на Велес, освен вработени во гостилницата помагаат и волонтери на велешки Црвен Крст.
Убавка Јаневска