Коки: Приказните на политичарите секогаш имаат среќен крај – сите среќни се кога тие ќе завршат со раскажувањето“
Штотуку напишаните седум афоризми, на афористичарот Никола Бошков Коки гласат:
„Генот, сепак си го прави своето: Таа од мајката ги наследи очите, а од корумпираниот татко…парите“
„Со нихилисти, депресивци и плачковци, не е можно да очекувате кога било, ќе успеете да извојувате победа во некоја политичка битка.“
„Многу жени ја изгубиле својата мерка, освен онаа што им ја покажува вагата.“
„Приказните на политичарите секогаш имаат среќен крај: Сите се среќни кога тие ќе завршат со раскажувањето.“
„И сексот се поистовети со модата: Ниту една девојка нема желба долго време да се КИТИ…со едно исто момче.“
„Постојат мноштво господа кои во животот се пробиваат со лактовите, главата единствено им служи за рамнотежа.“
„Зошто само спртистките се подложни на хормонални испитувања и тестови, кога многумина фудбалери се сомнителни, играат како жени.“
КОКИ