Свеченост во велешки Гарнизон: Коколански му ја предаде должноста над Командата за обука и доктрини на Нуредини

Објавено на 13 март, 2025 во 15:35

Свеченоста на која досегашниот командант на Командата за Обука и Доктрини (КОД) полковник Васко Коколански му ја предаде должноста на новиот командант на КОД бригаден генерал Лулзим Нуредини се одржа денеска во Војнички клуб на Гарнизонот „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес.

Во присуство на заменик министерката за одбрана Елфет Исмаили и други активни и пензионирани генерали, претставици на дипломатскиот кор  и други гости командант на КОД,  началникот на ГШ на Армијата генерал мајор Сашко Лафчиски  се обрати велејќи дека КОД ја има една од најзначајните улоги во изградбата на капацитетите и можностите на Единиците.

– Новиот командант бригадниот генерал Нуредини ја превзема КОД во исклучително важен период кој подразбира максимална посветеност на зајакнување на капацитетите и способностите на Командата.Период во кој треба да се достигнат прифатените стандарди да се дизајнираат нови планови и програми за нови курсеви согласно новите предизвици и потреби на Армијата.Период во којшто ќе се даде силна поддршка на колективните форми на обука,на Единиците на Армијата со изградба на нови капацитети,“ рече генерал мајор Лафчиски.

Новиот командант на КОД бригадниот генерал Лулзим Нуредини се заблагодари на државниот врв, на Министертсвото за одбрана и Генералштабот на Армијата, за дадената доверба и можноста да командува со КОД.

-Да се биде командант на КОД е чест и привилегија, но и голема одговорност затоа што треба да се организира, координира и реализира индивидуална обука на војници,питомци,подофицери и офицери од активен и резервен состав. КОД својата мисија ја исполнува преку 8 центри кои се значајни алки во обуката и развојот на човечките капацитети на Армијата и тоа:низ Центрите за индивидуална обука и обука на питомци,Центарот за симулации,Центарот за странски јазици со можост за изучување на англискиот јазик на сите припадници на Министерството за одбрана,ГШ ,ЦИДПУНЛ развој на доктрини,правила и научени лекции  како и стручна литература која се користи во Армијата според стандардите на НАТО,ЦПО која дава поддршка на колективната обука на вежби и гаѓања со целокупното вооружување кое го поседуваат единиците на Армијата,како и можност за организирање на вежби од меѓународен карактер на Армискиот полигон „Криволак“.Во состав на КОД е Центарот за одгледување  и дресура на службени кучиња за потребите на Армијата.и ЦРС кој придонесува во развојот на резервната компонента на Армијата, рече Нуредини.

Досегашниот командант полковник Васко Коколански заминувајќи на новата функција во ГШ на Армијата се потсети на изминатите две ипол години колку што беше на чело на КОД истакнувајќи дека реализирал голем дел од својата визија што ја ветил, работел според Армиските вредности, како што се професионалност, посветеност, лојалност и чесност при реализација на професионалните задачи. Исто така, ги нагласи разните курсеви и обуки низ кои што поминале околу 2000 луѓе.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.