Четири супер вежби за витки колкови и висок задник
Во прилог се 4 одлични вежби за сите дами кои сакат да изгледаат привлечно со витки колкови и висок задник.
1. Основни чучнувања
Поставете ги стапалата во ширината на колковите, односно рамената. Рацете можете да ги испружите пред себе за подобра рамнотежа. Значи, се спуштате како да ќе седнете и мислете на тоа дека задникот треба да оди надолу. Колената не треба да ги бутате напред, тие природно ќе преминат преку врвовите на прстите и не треба да одат подалеку, додека горниот дел од телото природно ќе се натегне напред.
Спуштете се додека бутините не бидат паралелни со подот. Додека се спуштате треба да осетите напнатост на предната ложа, а кога се подигате, притисокот на задната ложа и глутеусот.
2. Плие
Застанете исправено и рацете положете ги на струкот, така што ќе направите „Ф“ форма. Стапалата раширете ги колку можете повеќе, прстите кон надвор, како таканаречената балетска отворена поза. Грбот рамен.
Спуштете се полека со исправен грб и гледајте право пред себе, мислејќи на надколената кои треба да се движат во правец на прстите, а не кон напред. Спуштете со онолку ниско колку што можете и полека подигнете се. Кога ќе се вратите во почетна позиција, стиснете го задникот, на тој начин и грбот повторно ќе ви се постави како што треба.
За време на спуштањето треба да почувствувате напнатост на внатрешната ложа на бутините и задникот, а за време на подигањето, напнатост во предната ложа и надворешниот мускул на бутовите, високо до задникот.
3. Фламинго баланс на едната нога
Застанувате со малку раширени нозе во ширината на колковите. Ја подигате зад себе едната нога свиена во коленото, лесно барајќи баланс и кога ќе го пронајдете, полека го спуштате телото нанапред, се додека градите не бидат паралелни со подот. Потоа се враќате во почетната поза, внимавајќи да не ја спуштите на под ногата која што е во воздух.
4. Чучњеви – молитва
Стапалата се паралелни. Поставете ги нозете во поширока положба од рамената и помеѓу колената заглавете ги своите лакти така што рацете ќе ги споите а дланките ќе ги склопите како за молитва. На тој начин комплетно ќе го фиксирате растојанието помеѓу колената. Почетната положба е со нанапред подигнат горниот дел од телото, поради што рацете се ви ниско и со бутините кои се паралелни со подот.
Полека подигнете го задникот нагоре, а потоа спуштајте го исто така полека, се додека бутините повторно не ви станат паралелни со подот. Во оваа положба ќе ви се запалат сите делови на бутините и секако задникот.