Нухиу: Петмина вработени во полицијата инфицирани со коронавирус

Објавено: 30 март, 2020, во 09:00 часот

nuhiu fin

Заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу на својот Фејсбук профил објави дека во Министерството за внатрешни работи има петмина вработени со потврди резултати дека се позитивни на коронавирусот. Тој додава дека постои можна опасност и во полициската станица „Петровец“ и повикува вработените во МВР да ја зголемат грижата со оваа ситуација.

„Вирусот Ковид-19 почна да го погодува Министерството за внатрешни работи Потврдено е дека имаме петмина вработени во полицијата, а во полициската станица “Петровец” постои можна опасност!Ги повикуваме вработените во полицијата да ја зголемат грижата за време на справувањето со создадената ситуација“, напиша Нухиу на својот фејсбук профил.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.