Во сабота второ авионско третирање против комарци во Велес
Објавено: 11 јули, 2025, во 15:17 часот
Второто авионско третирање против комарци ќе се спроведе утре, 12 јули, во раните утрински часови, соопштија од Општина Велес.
Третирањето ќе го опфати целото градско и приградско подрачје на Велес, како и текот на реката Вардар на делницата од северниот влез кај село Башино село, низ градот Велес, па сè до вливот на реката Бабуна и селото Горно Караслари. Источната граница на третирањето ги опфаќа езерото Младост, селото Отовица и месноста Јарбош. На запад, границата започнува од населбата Превалец, продолжува преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и селото Горно Оризари. И оваа година, посебно внимание ќе биде посветено на рекреативниот центар Езеро Младост и неговата непосредна околина.
Од општината апелираат до пчеларите навремено да ги преземат сите неопходни мерки за заштита на пчелите за време на третирањето.
Доколку временските услови не овозможат извршување на прскањето во планираниот термин, истото ќе биде одложено за првиот нареден ден со поволни метеоролошки услови.

Стефани Манева



