Приведен жител на село Бањица, Чашка, поради нелегална сеча и транспорт на огревно дрво

Објавено: 22 септември, 2025, во 13:37 часот

Полициски службеници од Полициското одделение Чашка, во координација со Шумската полиција, вчера околу 19:50 часот го привеле 54-годишниот Џ.Е. од село Бањица, под сомнение за нелегален транспорт и поседување на огревно дрво.

Како што пишува во дневниот билтен на Сектор за внатрешни работи при спроведување на редовна контрола во атарот на селото Бањица, полицијата запрела трактор без регистарски ознаки, управуван од Џ.Е. При прегледот биле пронајдени и одземени 2,8 метри кубни дабови огревни дрва за кои лицето не поседувало соодветна документација, ниту испратница. Дополнително, одземена е и една моторна пила.

Тој бил приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.