Недела на традицијата во Демир Капија започна со натпревар во кроење лозја, таму вечерва гостува велешки Театар

Објавено: 9 февруари, 2026, во 15:20 часот

Лозарот Спасе Димов го освои првото, второ место му припадна на лозарот Коце Тодоров додека трет е лозарот Сашко Камчев на натпреварот во закројување на винова лоза којшто   по повод празникот Св. Трифун се одржа, вчера, на лозов на насад во Демир Капија.

На натпреварот учествуваа повеќе лозари од Демир Капија кои ги покажаа своите вештини и знаење во правилното закројување додека стручна комисија ги избра најдобрите.

Општината им честиташе на наградените и им се заблагодарува на сите учесници за придонесот во негувањето на лозарската традиција и осака родна и успешна година  за сите лозари.

Со овој натпревар започна Неделата на традицијата во Демир Капија, каде вечерва, со почеток во 19:00 часот во Дом на култура гостува Театар „Јордан Х.К Џинот“ од Велес со претставата „Синиот портокал“.

Манифестацијата продолжува до сабота, 12 февруари.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.