ССМ организира превоз од Велес за работниците – учесници на „Протест за зголемување на плати“ во сабота, на 14 март во Скопје

Објавено: 12 март, 2026, во 09:26 часот

ССМ организира превоз од сите градови во Македонија за „Протестот за зголемување на платите“ којшто ќе  се одржи во сабота, на 14 Март, во Скопје. Во синдикалното соопштение пишува:

„Информации за тоа како да стигнете на Протестот, а Ви треба организиран превоз:

Секретарите и координаторите на ССМ во градовите, Ви стојат на располагање доколку имате потреба од организиран превоз за учество на Протестот за зголемување на платите кој ќе се одржи на 14 Март кој започнува во 12:05 ч пред Работничкиот дом во Скопје.

За градовите и населените места кои не се наведени можете да ги контактирате лицата кои се најблиску до местото од кое Ви е потребен организиран превоз или организираниот превоз поминува низ Вашето место на живеење.

Без оглед тоа што Вашиот град или населено место не се наведени во листата, нашите активисти ќе организираат превоз за сите заинтересирани учесници на Протестот.

Доколку имате потреба од дополнителни информации можете да ги добиете и на контактите на линкот во коментар.“

Автобусите од Велес ќе тргнат во 10:00 часот од постојката спроти Трговски центар во Нова населба, второ место за качување е постојката спроти „Офицерски“ или ресторан „Зен“, трета е постојката пред хотел„Интернационал“ на улица „8 Септември“ и четврта на улица “Димитар Влахов“ под комплекс Варналиите.

Заинтересираните работници потребно е да го пријават своето патување до Скопје, денеска и утре, кај синдикалниот преставник за Велес, на телефонскиот број  075 226 520.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.