За Велешани, „Хабитат Македонија“, објави пријавување за нови станови

Објавено: 6 април, 2026, во 10:26 часот

Здружението за хумано домување Хабитат Македонија, која обезбедува едноставни, пристојни и достапни домови за семејства со ниски примања, на заинтересирани велешани им нуди можност за пријавување со што можат да си обезбедат сопствен дом со вклучување во  Програмата за новоградби во Велес. Заинтересираните семејства имаат можност за аплицирање за стан во објект што е во фаза на изградба во населбата „Хабитат“ во Велес. Станува збор за 16 нови станови, со површина од од 45 до 72 m2.

Сите потребни документи за вклучување во Програмата за новоградби на заинтересираните семејства достапни се на  www.habitat.org.mk. Информации можат да се добијат и во канцеларијата на Хабитат Македонија во Велес кои се наоѓаат  на улица „Невена Георгиева Дуња“ бр. 4а, стан бр. 1, во приземје и на моб.тел број 071/269-453
или во Скопје на фиксен телефонски број 02/3061-890.

Крајниот рок за аплицирање е 20 април 2026 година.

Становите за кои што семејствата ќе аплицираат можат да се видат секој работе ден од 09:00 до 15:00 часот.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.