Метеоаларм: Следуваат дождливи денови, потоа стабилизација
Објавено: 16 април, 2026, во 09:01 часот
„Во наредните денови времето во Македонија ќе биде променливо и нестабилно, со повремени врнежи од дожд и услови за локални грмежи, особено во втората половина од неделата.
Според најновите прогнози, деновите на почетокот од периодот ќе бидат под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, што ќе донесе облачност и врнежи со променлив интензитет. Во четврток и петок се очекуваат поизразени врнежи, локално проследени со грмежи и засилен ветер.
Температурите ќе бидат релативно високи за овој период од годината и ќе се движат во Скопје од околу 10°C наутро до 22–23°C во текот на денот додека во останатите делови на Македонија максималните температури ќе достигнуваат од 17°C до 23°C.

За време на викендот се очекува постепена стабилизација на времето, со повеќе сончеви периоди и намалување на врнежите.
Во недела, 19 април, ќе имаме претежно сончево и потопло време, додека почетокот на следната недела ќе биде стабилен со умерена облачност.
Сепак, во текот на целиот период не се исклучува можноста за краткотрајни локални врнежи, особено во планинските и западните региони, соопштија од Метеоаларм.
Дума.мк

