Лишен од слобода возач од скопско Марена, на автопат возел „фолксваген пасат“ со 2,06 промили алкохол во крвта

Објавено: 13 август, 2026, во 13:28 часот

Педесет и пет годишниот С.Ш од село Марена, вчера вечер,  во 21:50 часот, бил запрен на наплатна станица „Сопот“, велешко, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во БЈБ. Тие го го лишиле  од слобода.  

„При сообраќајна контрола на автопатот Скопје-Велес, било сопрено патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ш. и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,06 промили алкохол во крвта. По насоки од јавен обвинител тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес.

Убавка Јаневска .

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.