Пожар избувна кај Железничка станица Богомила, го гаснea и комуналните работници на Општина Чашка – пеплосани се треверци на пругата кон Битола (фото)
Објавено: 14 август, 2026, во 08:38 часот
Пожарот во Општина Чашка бил пријавен вчера попладне нешто пред 17:00 часот додека интервенцијата за гаснење на работниците на Јавно комунално претпријатие „Тополка“ и дел од вработени во општината започнала 30-тина минути подоцна. Веднаш пристигнале и пожарникарите на ТППЕ Велес како и доброволците пожарникари на ЗГ„Бабуна“. Била активирана и цистерната на комуналното претпријатие во гаснењето на развиен пожар кој зафатил ниска вегетација покрај железничката пруга Богомила – Битола.

-Веднаш се организиравме и за 30-тина минути на локацијата пред и на Железничка станица Богомила затекнавме развиен пожар во кои гореше ниска вегетација покрај самата пруга но и на неа. Во гаснењето на пожарот учествувавме со вработените во ЈКП „Тополка“ и една цистерна. Веднаш се одзваа на нашиот повик и пожарникарите на ТППЕ Велес и пожарникарите доброволци на Здружението „Бабуна“ од Чашка. Треба да се истакне и доброволното учеството на жителите на Богомила. Огнот успеавме да го ставиме под контрола и да го изгаснеме по четири часа. Останавме на опожарената површина до 21:30 часот. За жал пламенот остави трага, изгорени се треверци на самата железничка пруга, рече Суад Шакиров градоначалник на Општина Чашка.

Според Шакиров граѓаните кои како превозно средство ги користат возовите од Велес кон Богомила, Прилеп и Битола пред поаѓање во селата кои се наоѓаат во Азот да побараат информации за сообраќањето на возовите од Железничка станица Велес.
Убавка Јаневска



