Неготинец неовластено снимил и јавно објавил армиски фотографии од Криволак, ќе заработи полициска пријава
Објавено: 16 април, 2026, во 13:02 часот
Дваесет и едно годишниот Д.К од Неготино, вчера, во 13:40 часот бил повикан во Одделение за внатрешни работи Неготино каде полициски службеници со него извршиле службен разговор поради сомнежи за сторено кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“, казниво по член 350 од Кривичниот законик.
„Односно со Д.К бил извршен службен разговор затоа што во армискиот полигон Криволак ги имал снимено и фотографирано возилата во конвој на АРСМ и ги објавил јавно на платформа на социјална мрежа, со што ја нарушил безбедноста и тајноста на активностите кои ги реализира армијата. За настанот бил известен јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска



