Ново силно невреме ќе ја зафати Македонија

Објавено: 17 јуни, 2026, во 08:48 часот

„Во текот на денешниот ден среда, 17 јуни, територијата на Македонија ќе биде под влијание на атмосферски фронт од север со поладен воздух на висина. Денес времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поради загреаната атмосфера, исполнета со енергија локално атмосферските процеси ќе бидат интензивни и ќе има појава на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења  и со појава на град. Токму поради ова апелирам кај граѓаните за поголема внимателност во случај на појава на невреме, силен ветер  и на силни електрични празнења.

И во делови од скопскиот регион, денес, среда, 17 јуни, ќе има услови за појава на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град.

Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени, а во Скопје  и околината максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи до 30 степени, соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.