Интервју со Ќумбев: „Легија е традиција, Легија е религија – вакво оддавање чест им треба и на македонските спортисти и спортските клубови“ (видео)

Објавено: 10 септември, 2026, во 08:47 часот

Меѓу 50-сетте фудбалери од Европа и светот,  кои што низ изминатите години и децении оставиле трага во играта, постигнувањето голови и победи на најтрофејниот полски клуб ФК Легија од Варшава е и единствениот Македонец и велешанец, Панче Ќубмев. Затоа беше  поканет на одбележувањето на јубилејот 110 години постоење на најголемиот клуб како во Полска така и во западна Европа.

Ќумбев, повторно го облече дресот и копачките на кои беше отпечатен бројот 26 како и неговото презиме, и учествуваше во спектаклот поточно натпревар помеѓу селекција на странци против селекција на домашни ветерани на зелениот терен на стадионот на ФК „Легија“ во Варшава. Натпреварот го следеше 25 илјадна публика на трибините пренесуван во директен телевизиски пренос. „Легија“ е традиција, „Легија“ е религија, рече помеѓу другото во разговорот Панче Ќумбев кој ги пренесе чувствата и емоциите од укажаната чест на клубот да биде дел од спектакл кој во Полска и Европа е добра практика на вреднување на спортистите и нивниот минат труд, значење за странските клубови.

Еве што додаде Ќумбев во разговорот:

Со Ќумбев разговаравме и за невостановената пракса во Македонија, која важеше за расадник на извонредни фудбалски имиња, на сличен или ист начин како во Полска и Европа да се одбележуваат јубилеи на клубови, за почитта што треба да им се укажува на спортистите, артистите, музичарите и актерите кои се најголеми промотори на својата земја низ светот како и за влијанието над свеста на ваквите и слични манифестации врз младите наместо потрошено слободно време на телефон и на интернет да спортуваат или се бават со креативни хобија што можат да придонесат за правилен развој на личноста. Ќумбев упати порака:

„Ние како народ сме малку чудни. Не си го цениме тоа што го имаме и не си ја цениме историјата. Ќе мораме да се разбудиме на таа тема и на тој план затоа што како што кажавте и вие имаме играчи кои што оставиле белег во македонскиот спорт и фудбал и треба да им се оддаде признание. Најголеми амбасадори на една држава, на една нација се спортистите, артистите, музичарите, глумците кои ја промовираат Македонија надвор од границите. Но за жал, кај нас најголеми ѕвезди се политичарите.“

Во разговорот, спортската фудбалска легенда Панче Ќумбев одговори и на новинарското прашање дали во Македонија само парите се проблем за вакво оддавање на признание на спортистите и што ФФМ, спортските клубови, бизнис заедницата и локалната власт треба да сторат за да не се заборават имињата и презимињата на спортистите кои биле дел од градската или од македонската спортска историја.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.