Eден починат и 47 нови случаи на ковид 19 во Тиквешијата
Објавено на 23 декември, 2020 во 11:17
23.12.2020
Во статистиката на центарот за јавно здравје Кавадарци денеска се евидентираат 47 нови позитивни на корона вирус во тиквешкиот регион на возраст од 23 до 82 годишна возраст.
„Кавадарци има 35 нови позитивни, еден во Росоман, 8 во Неготино и 3 во Демир Капија. Почината е жена на 78 годишна возраст од Кавадарци.“ информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски.
Во ковид центарот на кавадаречката болница слободни се 24 болнички кревети, а хоспитализирани се 36 пациенти во стабилна општа состојба.
Во Кавадарци активни се 540 случаи на корона вирус од вкупно евидентирани 1928. Во Неготино од вкупно 935, активни 331 (150 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).
Вчера ИЈЗ евидентира 53 оздравени во Кавадарци и 18 во Неготино.
А.Д