Пилинг за стапала подготвени за лето
Со доаѓањето на убавото време чизмите полека ги заменуваме со поелсни обувки и веќе се радуваме на отворените чевли и сандали.
Но за вистински летен изглед важно е и вашите стапала да бидта подготвени. Ако во зима не сте им псоветувале доволно внимание кожата на стапалата лесно станала груба и задебелена.На цела среќа со добар пилинг и добра навлажнувачка крема вашите стапала брзо ќе бидат подготвени за лето.
Пилинг од мед – Измешајте чаша мед со чаша шеќер и на смесата додадете две лажички бадемово или маслиново масло. Мешајте додека не добиете изедначена и густа смеса со која ќе ги измасирате стапалата. Со нежни движења масирајте го секој дел од стапалата а посебно фокусирајте се на деловите каде кожата е најгруба.
Чокаладен пилинг – Измешајте половина чаша бел и кафеав шеќер со иста количина какао. Додадете една четвртина чаша кокосово масло и се добро измешајте.Со смесата масирајте ги стапалата. После секој пилинг на стапалата нанесете богат слој на хидратантен крем.