Нега со лимон
Лимонот е едно од најкористените овошја. Го користиме секојдневно во исхраната од слатки до солени јадења,пијалоци а задолжителна е состојкана секој чај доколку се лечиме од настинка или ни треба дневна доза на витамин Ц. Но лимонот се повеќе се користи и во козметиката.
Витаминот Ц со кој е богат ја прави кожата поеластична за време на летните месеци ја освежува.Лимонот е особено добар доколку имате проблем со мозолчиња. Наједноставна маска е со памук да нанесете неколку капки лимон на зафатеното подрачје,да оставете да се исуши и да го измиете лицето со студена вода.
Со лимон можете да ги негувате и стапалата. Половина лимон ставете во фрижидер добро да се излади па посипете со шеќер и истријте ги стапалата.После тоа измијте ги во студена вода.