Каде најчесто грешиме кога се шминкаме?
Жените обично мислат дека знаат се што би требало да знаат кога станува збор за шминкањето. Но токму кога сте убедени дека работите се најдобро,најчесто се случува и да згрешите.Ви откриваме кои грешки се најчести при шминкањето за да не ги повторувате.
Видливи премини – Кога користите неколку нијанси на сенка задолжителностопете ги линиите за шминката да не изгледа вештачки.Преминот со кистот направете го за да се стопат нијансите и на очите да им се даде длабочина.
Сенка на долниот капак – Ако сакате да избегнете уморен изглед сенката на долниот капак нанесете ја на долната линија на трепките. Немојте да претерувате со боја за да не ги намалите визуелно очите.
Светликава сенка на цел капак – Иако помагаат да постигнете посвеж изглед светлиикавите сенки никако не би требало да ги нанесувате на цел капак освен ако не сакате да ги нагласите линиите и брчките. Користете мат сенки а светликавата светла сенка нанесете ја дури под лакот на веѓите.
Не користете моливче за усни – Карминот без моливче полесно ќе се размачкува и нема да биде претерано постојан. Освен тоа со помош на моливчето усните совршено ќе ги заоквирите па карминот ќе изгледа многу подобро.