Слабите точки на хороскопските знаци!
Овен
Не сака кога му зборувате што треба да прави. Секој што му ја наметнува волјата ќе биде исфрлен од неговиот живот. Не го сака својот шеф. Кога го има се однесува како да го нема. Никако не му зборувајте за неговите недостатоци.
Бик
Не сака кога некој му го уништува уживањето и кога некој му ја допира храната. Понекогаш не може да сфати дека нематеријалните работи се важни. Воздржаноста од креативни идеи исто така го излудува, но не повеќе од недостатокот на секс и финансии.
Близнаци
Ги нервира однесувањето на другите луѓе. Особено ги нервираат арогантни луѓе и песимисти со ограничени ставови и без смисла за хумор. Исто така, тешко ги поднесуваат ситуациите во кои мора да молчат или кога некој постојано ги прекинува, како и кога треба да им се прилагодат на другите.
Рак
Припадниците на овој знак стануваат нервозни кога се гладни, кога им е топло или ладно. Провокациите, очигледните неправди и неблагодарноста на другите ги разбеснува. Најмногу се навредуваат ако почувствуваат дека другите не го ценат нивното мислење.
Лав
Лавовите се раздразливи, но брзо забораваат што ги налутило. Лошо се чувствуваат ако им ја одземете удобноста или ако се здебелат. Не сакаат да работат кога е претопло. Нема да им се допаднат ни ситуации во кои нивниот талент не доаѓа до израз.
Девица
Овој знак поседува голема контрола, но Девиците излудуваат кога другите доцнат. Од такт ги вадат луѓе што постојано се жалат на нешто, а денот кога треба да плаќаат сметки е прав кошмар за нив.
Вага
Најмногу им пречи кога некој им вика и се однесува без почитување кон нив. Незадоволството од сопствениот изглед често е причина за нивниот бес. Не сакаат коа им е здодевно.
Скорпија
Ним не им треба многу да се налутат, а за возврат веднаш ќе почнат со провокации. Најмногу им пречи кога луѓето ќе позајмат нешто и никогаш нема да го вратат, како и луѓе што лажат. Ќе полудат ако некого фатат во лага.
Стрелец
Во случај на нервоза, луѓето родени во овој знак се однесуваат неправедно, најчесто и викаат. Најчесто им пречи кога луѓето не кажуваат отворено што мислат, кога приговараат и се обидуваат да им го контролираат животот. Лесно се нервираат ако се присилени да бидат дома и кога ништо посебно не им се случува во животот.
Јарец
Иако кај нив фрустрациите долго се наталожуваат, откако ќе пукнат не се во состојба да се смират. Најмногу им пречи кога другите се однесуваат несоодветно и кога мора да бидат во друштво на некој кој не им се допаѓа.
Водолија
Лесно се лутат и склони се кон незрело однесување. Нервозни се кога од нив се очекува одредено однесување, па не можат да бидат свои. Им пречи кога другите им се потсмеваат на нивниот говор или изглед. Најмногу ќе излудат ако партнерот ги изневери.
Риби
На Рибите не им пречат околностите, колку што им пречи однесувањето на луѓето. Сарказмот, провокациите и недоличното однесување ќе предизвика бес кај нив. Посебно ќе бидат нервозни ако за нешто за кое што многу се труделе, другите не го ценат.