По 34 евра просечно плаќаат Црногорците за струја
Објавено: 16 декември, 2016, во 09:08 часот
Просечната ноемвриска сметка за струја за црногорските домаќинства, кога ќе се изземат непрочитаните мерни места во објекти кои не се постојано населени, изнесува 34 евра.
Домаќинствата на Жабљак бележат најниска просечна потрошувачка од 17,6 евра, додека најголема потрошувачка во ноември е забележана во Подгорица, каде домаќинствата во просек трошат електрична енергија во вредност од 42,04 евра, соопшти „Електростопанство на Црна Гора“.
