За неодолив изглед на плажа
Користите годишен одмор или пак во долгото топло лето често одите на капење на базен, на плажа покрај езеро, море. Шеширот и марамата не се единствено решение за впечатлив изглед на дама на плажа. Еве неколку идеи кои придонесуваат за добриот изглед додека одите и престојувате на плажа.
Лелав комбинезон од лесен материјал не само што ќе и годи на вашата кожа тука и ќе ви помогне да ги засените сите околу вас. Ќе бидете дама и бохо девојка во едно, ви останува само да пронајдете совршен шешир и големи очила за сонце.
Со краток фустан нема многу место за грешка. Сепак испочитувајте го трендот и облечете некој со карнери и спуштени рамена.Широките панталони може да изгледаат многу интересно и секси. Струкот задолжително треба да е низок, а ногавиците можат да бидат до подот или расечени на средина. На горниот дел може да го носите само костимот за капење со шешир и подготвени сте да ја освоите плажата. Комплет во бохо стил во вид на кратки бермуди и лесен топ со спуштени рамена е нешто што верувајте ќе го обожавате. Не само што е пријатно за носење туку е идеално и за други прилики освен плажа.
Ако пак сакате полежерна варијанта но и поудобна краток памучен комбинезон е одличен избор. Памучна туника не е исто што и памучна маица. Важно е ракавите да се долги, а должината да е кратка (колку што може повеќе) и секако не заборавајте да е интересен дезенот. Всушност, најважно е материјалот да е природен и во него да се чувствувате добро.
Наместо класичен долг фустан, одберете долга памучна кошула. И тоа е тоа, останува само да си поминете одлично.