Кесички чај во служба на убавината
Објавено на 8 јули, 2016 во 07:23
Кесичките чај можат да бидат многу корисни и да ги искористите за да решите некои најчести бјути проблеми.
Потечени очи – За да се ослободите од ова,млаките кесички чај ставете ги на очите и оставете ги да делуваат додека целосно не изладат.
Свеж здив – Направете шоља чај од мента. Додадете две лажички сол и со добиената смеса исплакнете ја устата..
Сјајна коса – Користете чај за плакнење на косата. По миењето,косата едноставно измијте ја со ча од жалфија,мента или камилица.
Миризливи стапала – За да се ослободите од непријатните мириси на стапалата подгответе си едноставна купка. Направете чај по избор и стапалата потопете ги дваесет минути.