Залижаната фризура ја изразува женственоста
Залижаната коса, која можеби повеќе потсетува на изглед што тртреба да го имате во летнот период и на плажа, сепак е голем хит меѓу ѕвездите. Наназад исчешланата или мокра фризура повеќе се поврзува со машкиот изглед, но се чини дека има одличен прием кај дамите.
-Мислиме дека така треба да изгледа една вечерна модерна фризура, залижана, без притоа од нејзе да се цеди вода или восок. Помалку е повеќе-велат стилистите.
Подготовките почнуваат уште кога косата е мокра, се нанесува спреј за сјајна коса, за потоа со фен и со чешел со густи запци се чешла и суши наназад. Мазнењето се постигнува со рачката на чешелот. Откако косата е сува на крај се става уште малку лак.
Фризурата изгледа елегантно, лесна е за правење, а нема да се грижите дали ќе се измести во текот на ноќта.