Како да имате убави усни ?
Објавено на 18 јули, 2016 во 08:03
Сакате да имате убави усни ? Пронајдовме за вас неколку совети како вашите усни да бидат убави и негувани.
Прво треба да нанесете пилинг на усните. Тој ќе ги отстрани вишокот мртви клетки на кожата и ќе ја омекне кожата на усните. После пилингот задолжително нанесете балсам за усни.
По хидратацијата на усните нанесете моливче за усни за да ги отстраните сите недостатоци по нанесувањето на моливчето нанесете сјај во иста боја како што е и моливчето за усни. Што повеќе избегнувајте долготрајни кармини за усни бидејќи тие предизвикуваат сувост. Доколку користите нови производи прво пробајте ги на работ на суните за да проверете дали има некоја реакција на нив.