Неколку совети за нега на косата
Речиси секоја жена се труди да има убава и сјајна коса и таа секогаш да изгледа негувано.Пронајдовме за вас неколку свети за нега на косата.
Косата мијте ја секоја ноќ пред спиење. Мијте ја со благи шампони и користете го малку а неодминлив е регенераторот.
Немојте да ја чешлате мократа коса,чешлајте ја сува и користете чешел со широки запци. Обидете се што помалку да ја сушите со фен,бидејќи сушењето ја вади влагата од косата.
Што помалку бојадисувајте ја косата,по можност никако. Секој ден испијте по две чаши млеко за да овозможите доволна количина на калциум.
Ако сепак косата ја сушите со фен,држете го подалеку од својата коса.
Косата треба да ја чешлате нежно,немојте да ја тегнете. Немојте да користете ластички за коса,бидејќи тие ја оштетуваат косата. Немојте да ја врзувате во опавче на тој начин ја кинете. На сонце не излегувајте без капа. Користете масло за коса со додаток витамин Е. Тоа ќе ја направ вашата коса мека и свилена.
Косата секогаш мијте ја со млака вода никако со врела или многу студена вода. Обидете се да се опуштете бидејќи стресот предизвикува опаѓање на косата. Исто така јадете производи кои се богати со витамините Б,Ц и Е. Земајте што повеќе железо и минерали во природен облик.
Доколку косата ви е мрсна пијте што повеќе вода а избегнувајте мрсна и пржена храна.