Како да се грижите за стапалата за време на лето?
За ова лето да носите сандали морате да имате негувани стапала. Пронајдовме неколку совети за вас како за време на летото да ги негувате своите стапала.
Во леген ставете топла вода во која ќе додадете неколку капки есенсцијално масло по избор и малку морска сол. Потопете ги нозете во топла вода и држете ги така петнаесетина минути.
Откако ќе ги извадете нозете од водата,исушете ги со крпа. Потоа исечете ги ноктите и средете ги притоа водејќи сметка да не ги оштетите заноктиците. Ако имате задебелени петици нежно истругајте ги со турпија за петици или камен. На заноктиците нанесете препарат за омекнување на заноктиците а после неколку минути туркајте ги кон коренот на нокот.
На крај,измијте ги нозете со топла вода и исушете ги. Ноктите лакирајте ги со лак по желба и оставете нека се исуши добро. Потоа намачкајте ги нозете со хидратантен крем за стапала и масирајте ги.