Домашен пилинг за лице
Објавено на 27 јули, 2016 во 08:00
Пилингот за лице е многу корисен ако сакате да ги отстраните мртвите клетки и на кожата да и го вратите сјајот.
За да направите добар пилинг потребен ви е кафеав шеќер,бидејќи е понежен од останатите погруби честички кои се користат во козметиката. Измешајте кафеав шеќер со некое хранливо масло,бадемово или маслиново кое ќе ја поттикне микроциркулацијата и ќе и даде на кожата доволно влажност.
Пилингот нанесете го вообичаено,истријте ја кожата,измијте нежно со топла вода и нанесете хидратантен крем.