Здрави нокти – здраво тело
Многу експерти се согласуваат дека здравите нокти се одраз на здравствената состојба во која се наоѓа телото. Затоа, доколку сте забележале некакви промени на нив, тоа укажува дека имате недостаток на некои витамини. Листата подолу ќе ви помогне да дознаете што му е потребно на вашиот организам, кои производи треба да ги вметнете во исхраната, за вашите нокти да станат повторно здрави и цврсти.
1. Железо
Кршливите нокти најчесто укажуваат на недостиг на железо. Во својата исхрана внесете повеќе црвено месо и зелен, лиснат зеленчук.
2. Цинк
Белите дамки на ноктите и нивниот послаб раст укажуваат на недостаток на цинк. Производи кои го содржат овој минерал се темното чоколадо, кикириките, немасното месо, морските плодови, сојата, пченичните никулци итн.
3. Б12
Изразито суви нокти и потемни дамки укажуваат на недостаток на витаминот Б12. Овој витамин освен во капсули можете да ги пронајдетеи во производите од животинско потекло т.е. производите од внатрешните органи (утробата), млечните производи, јајцата и рибите.
Освен погоре наведеното, погрижете се да внесувате доволна количина на течности во организмот и редовно да ги мачкате рацете со крем.