Хит оваа есен – Фустани со цветни мотиви
Објавено: 1 септември, 2016, во 07:29 часот
Лелеави цветни фустани со должина под колена, закопчани до врат со високи или кратки чизми на платформа во стилот на 90-те ќе се носат оваа есен.
Цветниот принт е неизбежен во колекциите за оваа есен. Луксузните дизајнерски куќи за наредната сезона подготвуваат опуштена силуета, долги модели и лелеави материјали.
Долгите ракави се задолжителни како и строгото закопчување до врат.

Фустаните од овој тип најдобро се сложуваат со високи чизми или пак кратки на висока платформа.
Разгледајте ја колекцијата на хит модни парчиња тука.

