Како да се отстранат дамките од пот од облеката ?
Објавено на 7 септември, 2016 во 08:30
Дамките од пот лесно можат да ги уништат вашите омилени парчиња за облекување. Затоа е важно правилно да се отстранат за да можете своите најмили парчиња да можете да ги носете уште долго,долго време.
Облеката со дамки од пот немојте да ја перете во врела вода бидејќи дамката би можела да стане уште поцврста наместо да исчезне. За отстранување на дамките од пот најдобро е да користете сода бикарбона.
4 лажички сода бикарбона измешајте со четвртина шоља вода. Мешавината со помош на стара четкичка за заби нанесете ја на дамката. Оставете да делува еден час а потоа ткаенината исперете ја на вообичаен начин.
Пред перење,разблажете малку оцет или вотка со вода. Мешавината ставете ја во вода со распрскувач и напрскајте ја дамката пред перење.