Како моливчето за очи да истрае цел ден?

Објавено: 9 ноември, 2016, во 10:08 часот

Моливчето е одлично за нагласување на очите.Со негова помош лесно ќе креирате гламурозен или драматичен вечерен изглед но ако сте умерени можете да го користете и за дневни варијанти да ги истакнете очите. Еве неколку примери за моливчето да ви истрае цел ден.

–    Пред да ја нанесете шминката потрудете се вашите капаци да се чисти и да не се мрсни.Нечиста мрсна кожа ќе предизвика собирање на шминката на краевите и разлевање.

–    На капаците нанесете малку течен пудер и добро втријте во кожата.

–    Нанесете ја основната сенка на целиот капак.

–    Користете водоотпорно моливче со кремаста текстура и нанесете го што поблиску до трепките,пазејќи линијата да не биде предебела.Не грижете се ако линијата не е совршена.Со четкичка за сенка поминете преку моливчето за да ја изедначите линијата.

–    За моливчето да биде потрајно преку него нанесете малку сенка во иста боја.

–    За крај со чепкалка за уши отстранете го вишокот на шминка под и околу очите и нанесете ја маскарата во два слоја.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.