Прв звучен Буквар на македонски јазик

Објавено: 18 ноември, 2015, во 09:00 часот

„Просветно дело“ објави „Звучна азбука“ – прв звучен буквар-сликовница на македонски јазик со кој децата, без помош од родителите, брзо, лесно и низ игра ќе ги совладаат буквите од македонската азбука.

– Книгата сама ги изговара буквите и зборовите – детето треба само да притиска на копчињата. По принципот притисни-слушни-повтори, на малите читатели им се овозможува правилно да ги репродуцираат буквите, да чујат поим со соодветната буква и звукот што тој го произведува. Ова интерактивно издание, освен изучувањето и препознавањето на буквите, нуди можност да се вежба пишувањето и правилниот изговор и да се откријат интересни факти за поимите кои почнуваат на секоја од буквите од македонската азбука, соопшти издавачот.

Звучниот буквар е ексклузивно издание со кое „Просветно дело“  одбележува 70-годишнината од излегувањето на првиот Буквар на македонски јазик.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.