Козметички производи кои не смеете да ги позајмувате и тестирате во продавниците
Објавено: 14 ноември, 2015, во 07:29 часот
Ако сакате да знаете дали некои козметички производи ви одговараат морате и да ги пробате,нели? Некое се препорачливи да ги испробате во продавница некои не.
Позајмување на шминка,како и нејзино тестирање во продавниците,може да предизвика иритација,појава на мзоочлиња,црвенило околу очите па дури и херпес на усната. За да избегнете такви проблеми ви откриваме кои можете да ги позајмувате и пробате а кои не.
Козметички производи кои не треба да ги тестирате или позајмувате:
– маскара,коректор,кармин,сјај за усни,молив за усни,молив за очи, рол он дезодоранс,крем за лице и други производи кои се нанесуваат директно на лицето.
Козметички производи кои можете да ги позајмувате или тестирате во продавница :
– Сенки за очи (ако се нанесува со чист апликатор),производи за чистење на лице,парфем,пудер и други производи во туба,бронзер,руменило и камена пудра,молив за веѓи.
