Диета за измазнување на брчките
Објавено: 26 октомври, 2015, во 08:11 часот
Не е тајна дека надворешниот изглед во голема мера зависи од храната која ја внесувате во организмот.
За поборниците на младешкиот и привлечен изглед, холивудскиот козметолог, професот на Универзитетот во Мичиген, Николас Перикон, создаде специјален режим на исхрана кој овозможува подмладување.
Диетата е основана на балансот на белковини, масти и јаглехидрати кои се внесуваат со исхраната.
Оваа диета го забрзува процесот на размена на материите што го активира создавањето на природен колаген одговорен за забавување на стареењето на кожата, додека пак масните омега – 3 киселини го нормализираат водниот баланс на кожата пркосејќи им на брчките.
Професорот Перикон препорачува денот да го започнете со чаша чиста вода. Потоа за појадок да консумирате омлет од едно цело јајце и три белки од јајце, половина чаша варени овесни снегулки и едно парче свежо овошје или уште подобро четвртина чаша замрзнати јагодести плодови.
Во меѓувреме консумирајте вода или незасладен зелен чај. За ручек консумирајте риба (околу 200 грама), најдобро лосос приготвен на скара или потпечена во фолија и порција зелена салата зачинета со маслиново масло. За вечера одлучете се за зеленчук на пареа – брокули, спанаќ, зелка како и маслинки.
Во меѓувреме, за ужина јадете јаболка, јаткасти плодови и немастен јогурт.
Ваквиот режин на исхрана во времетраење од 3 до 5 дена овозможува „пеглање“ на брчките. За повпечатлив ефект од диетата Перикон кој е козметичар на голем број холивудски ѕвезди предлага диетата да ја применувате еден месец, а рибата да ја менувате со пилешко и месо од мисирка. Резултатот е елстична, мазна и блекава кожа на лицето и целото тело.
