Фактор: Заеми – од каде ќе се најдат пари за државни прашања?
Објавено: 16 септември, 2015, во 07:11 часот
Ново задолжување, Владата од домашните кредитори бара на заем 3,2 милиони евра. Најновите податоци на Министерството за финансии покажуваат дека заклучно со август, внатрешниот долг изнесувал скоро 1,2 милијарди евра, пишува Фактор. И натаму најголем кредитор на Владата се банките, кои во вкупната структура на внатрешниот долг, учествуваат со 45,16%. Со ребалансот на Буџетот, Владата до крајот на годинава планира значајно да го зголеми вантрешното задолжување, но од каде ќе обезбеди пари?
Ребалансот предвидува раст на домашниот долг ..
Владата повторно се задолжува на домашен терен. Се работи за продажба на обврзници вредни 3,2 милиони евра со рок на доспевање од три, десет и петнаесет години. Најголем дел од парите или 1,3 милиони евра треба да ги обезбеди преку продажба на обврзници што ќе се радолжуваат по 10 и 15 години.
Со ребалансот на Буџетот 2015, Владата направи сериозни промени во структурата на задолжувањата. Имено, во првата буџетска верзија, Владата на домашен терен планираше да се задолжи со 84,3 милиони евра, но со ребалансот оваа сума се зголеми на 383,6 милиони евра.
Домашни извори на финансирање:
Буџет 2015 84,3 милиони евра
Ребаланс на Буџет 2015 383,6 милиони евра.
За разлика од домашните задолжувања, Владата со ребалансот предвидува намалување на задолжувањата од странство.
Странски извори на финансирање:
Буџет 2015 262,7 милиони евра
Ребаланс на Буџет 2015 70,5 милиони евра
Ако се сумираат задолжувањата што Владата ги планира до крајот на годинава, тогаш во однос на првичната буџетска проекција, внатрешното задолжување го зголемила за скоро 300 милиони евра а надворешното го намалила за 192 милиони евра.
Текстот во целост прочитај го тука.
