Направете палета од стари кармини
Објавено: 6 август, 2015, во 08:30 часот
Кога имате многу напукнати или кармини кои не сте ги потрошиле до крај, немојте да ги фрлате.
Дома можете да направите прекрасна палета која е многу едноставна за користење и сигурно ќе ве воодушеви. Идејата ја понуди порталот Pro Beauty, а бидејќи е навистина генијална многу дами радосно ја прифатија.
Се што ви е потребно(освен вашиот кармин секако) е кутија за лекови и нож. Постапката е многу едноставна. Потребно е со ножето карминот да го префрлите во посебните делови и лесно да притиснете за да дбиете покомпактна смеса.По потреа на дното напишете ги имињата на кармините или залепете етикети со имињата.
